Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СТРАШНА НЕСРЕЌА КАЈ “МАВРОВСКА РАСКРСНИЦА”: Тинејџерка и млада девојка повредени во превртен автомобил

На 18 ноември 2025 година, околу 12:50 часот, во ОВР Гостивар било пријавено дека на патот Кичево–Гостивар, во близина на „Мавровска раскрсница“, патничко возило „мерцедес“ со германски регистарски ознаки, управувано од 39-годишен маж од Кичево, се превртело на коловозот.

Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот, а полесно повредени се 14-годишна сопатничка од селото Стрелци, кичевско, и 24-годишна жена од Романија. Повредите им биле констатирани во Општата болница Гостивар.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од ОВР Гостивар.

Можеби ќе ве интересира

ПОВИЦИ ЗА ПРОПУШТЕНИ МРП ВАКЦИНИ – Во Бит-пазар расте одѕивот на родителите

ДЕСК

ВИКЕНД СО СОНЦЕ И УТРА ДО −3 °C – Од понеделник услови за слаб локален дожд

ДЕСК

Дафина Стојаноска: Извештајот на ЕК годинава е подобар од лани, а Жерновски е човек кој не верува на институциите

ДЕСК