Centar.mk
СВЕТ

Полицаец на „Воцап“ им ги откривал на возачите позициите на радарите

Млад полицаец од Горна Австрија се нашол во сериозна неволја бидејќи наводно ги открил локациите на полициските радари во WhatsApp група со повеќе од илјада членови. 27-годишникот утре ќе се појави на суд во Велс под обвинение за злоупотреба на службена должност.

Од почетокот на 2023 година до крајот на 2024 година, возачите во округот Феклабрук имале моќна алатка за избегнување казни – информации што доаѓале директно од полициските редови, пишува порталот „Кроне“.

Тој е обвинет за злоупотреба на службена положба и повреда на доверливоста на податоците, бидејќи информациите што ги споделувал доаѓале директно од неговото работно место. „Обвинетиот нема осуди и не добил ништо за своите постапки. Тој целосно признал и рекол дека не размислувал за тоа“, изјавил Андреас Румплмајр, портпарол на судот во Велс.

Според обвинението, младиот полицаец испратил вкупно 111 пораки за локациите и времето на проверка на брзината во период од 62 дена.

Покрај тоа, тој споделил и три фотографии од местото на несреќите во групата, со што ја прекршил својата законска обврска да чува службени тајни.

Целиот случај бил откриен по анонимна пријава до Федералната канцеларија за спречување и борба против корупцијата (BAK)./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Маѓар постави услов за деблокада на патот на Украина кон ЕУ

C +

Украина: Бродот со украденото жито нема да го истовари товарот во Израел

C +

Трамп: Италија не беше од никаква помош, а Шпанија е апсолутно ужасна

C +