Centar.mk
Screenshot
МАКЕДОНИЈА

Хаос по натпревар во Куманово: Нападнати полицајци, оштетени возила на гостинскиот тим

На 16.11.2025 во 21:00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово уапсија момче (23) од Куманово. Имено, по завршување на кошаркарскиот натпревар во спортска сала во Куманово помеѓу екипите на МКК Куманово и КК Пелистер од Битола, настанала физичка пресметка помеѓу навивачите на двете екипи, а биле физички нападнати полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

Притоа, мажот е забележан како со тврд предмет ги оштетува возилата на гостинскиот тим и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сите учесници во пресметката и за целосно расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода гевгеличанец, превезувал шест мигранти и излетал од патот

ДЕСК

Таксист натепан во Скопје

ДЕСК

Лишени од слобода пет возачи за безобѕирно управување возило, двајца возеле без возачка дозвола, други двајца со активна забрана за управување возило

ДЕСК