Centar.mk
СВЕТ

Во Бразил 50.000 луѓе маршираа за климатска правда

Голем протестен марш се одржа во саботата во бразилскиот град Белем, каде што се одржува Конференцијата на ОН за климатски промени (COP30). Организаторите наведуваат дека маршот симболизира не само борба за климата, туку и за начин на живот и културниот идентитет на заедниците погодени од еколошките проблеми.

Десетици илјади демонстранти од автохтони заедници и глобални климатски активисти маршираа низ центарот на Белем.

Организаторите наведуваат дека на протестот се приклучиле околу 50.000 лица.

Со „Марш за климата“, демонстрантите се борат за климатска правда и за заштита на териториите на автохтоните заедници, кои се загрозени од сеча на дрвја и илегално ископување злато. Неколку дипломати и министри од земјите кои преговараат на COP30 се приклучија на протестот.

Бразилската министерка за животна средина, Марина Силва, ја поздрави големата посетеност на протестот и рече дека ваквите протести се добредојдени во Бразил, кој има тешко освоена и консолидирана демократија.

Околу 200 земји на COP30 ќе дискутираат до крајот на следната недела како да се забави глобалното затоплување. Фокусот на преговорите е на планот за постепено напуштање на нафтата, гасот и јагленот. Дополнително, земјите во развој бараат финансиска помош за поефикасно справување со сериозните последици од климатските промени, како што се поројни дождови, суши, топлотни бранови, шумски пожари и бури.

Паралелно со конференцијата на ОН, на Универзитетот во БеLEM се одржува „Народен самит“, на кој учествуваат стотици организации, движења и мрежи од Бразил и странство./Извор:Makfax

error: Соддржината е заштитена.