Centar.mk
СВЕТ

Торнадо пустоши во Португалија: три лица загинаа, десетици се повредени

Најмалку три лица загинаа, а повеќе десетици се повредени во Португалија по налетот на силното невреме и торнадото Клаудија што во изминатите денови го погоди регионот, соопштија португалските власти.

За повеќе региони, меѓу кои Брага, Фаро, Сетубал и Бежа, издадени се портокалови и жолти метео-аларми поради продолжениот ризик од екстремни временски услови.

Претседателот Марсело Ребело де Соуза изрази сочувство до семејствата на загинатите и најави поддршка за погодените заедници.

Истовремено, силните дождови и поплави предизвикани од истата временска бура погодија делови од Велика Британија, вклучувајќи го Монмут и југоисточен Велс, каде се издадени повеќе од 180 предупредувања за поплави./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Шефот на Пентагон им порача на членките на НАТО да ги зајакнат своите борбени капацитети

C +

Трамп го предупреди Иран: Мора да постигнеме договор, во спротивно ќе биде многу трауматично

C +

Зеленски потпиша: Украина воведува санкции за 91 брод од руската „флота во сенка“

C +