В понеделник Албанија ќе го отвори последниот, шести кластер, во преговорите со ЕУ.
На седмиот состанок на конференцијата за пристапување на Албанија во ЕУ ќе биде отворен кластерот 5, кој се однесува на ресурсите, земјоделството и кохезијата.
Тој кластер се состои од поглавјата – 11 (земјоделство и рурален развој), 12 (безбедност на храната, ветеринарна и фитосанитарна политика), 13 (рибарство и аквакултура), 22 (регионална политика и координација на структурни инструменти) и 33 (финансиски и буџетски одредби), објави Брисел.
Албанија, која доби статус на кандидат за членство во 2014 година, го отвори првиот кластер во преговорите (основни) со ЕУ во октомври минатата година, што значи дека ги отвори сите кластери за речиси една година.
Албанскиот премиер Еди Рама го опиша отворањето на последниот кластер во преговорите како рекордно достигнување.
Тој исто така рече дека ништо нема да го спречи патот на Албанија кон членство во ЕУ во 2030 година и дека целта на владата е да го заврши процесот на преговори до 2027 година, објави albaniandailynews.com.
Амбициите на Тирана се поткрепени од фактот дека италијанската премиерка Џорџа Мелони ги поддржа плановите на Албанија за пристапување кон ЕУ вчера на прес-конференцијата по првиот самит Италија – Албанија во Рим.
Мелони објави дека ќе се стреми политичките преговори со Албанија за пристапување кон Унијата да почнат во првите шест месеци од 2028 година кога Италија ќе претседава со ЕУ, објави „Политико“./Извор:Makfax


