-Вечерва ја завршивме акцијата за генерално чистење на Скопје. Како што ветив пред скопјани, така и направивме. Покажавме дека со работа, организираност и посветеност, можеме видливо да ги поправиме работите рече градоначалникот Ѓорѓиевски.
Повеќе од 2500 луѓе беа вклучени во оваа акција, стотина возила собраа над 4500 тони смет од скопските улици.
– Со огромно задоволство можам да констатирам дека акцијата е успешно реализирана.
Иако состојбата на теренот беше речиси нереална за да се изведе во ваков краток рок, ние успеавме.
Покрај чистењето на сите микролокации околу контејнерите, започнавме и со расчистување на речното корито на Вардар, кое по долги години конечно тече нормално.
Исчистен е и плоштадот, целосно се третираше кејот, како и Градскиот парк, Жена парк и сите останати локации кои во минатото беа симбол на запоставеност и срам.
-Сакам јасно да порачам дека нема да дозволам повторно да ја гледаме грдата слика на валкано и запуштено Скопје.
Ги повикувам граѓаните да се однесуваат одговорно кон својот град, да го почитуваат јавниот ред и да го одлагаат отпадот совесно.
Толеранција, нема да има. Во текот на акцијата изречени се повеќе од 40 казни и 70 опомени за физички и правни лица. Ова, почитувани, не е крај, истакна таткото на градот.
– Од утре продолжуваме со истото темпо на работа, решителност и љубов кон Скопје.
Сликите од минатото ќе останат таму каде што им е местото, а иднината што заедно ќе ја изградиме ќе биде чиста, уредна и достојна за сите нас, рече градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
Тој упати голема благодарност до мојот тим, до сите кои беа вклучени и помогнаа, како и до медиумите кои објективно го следеа целиот процес.
Продолжуваме – за чисто, уредно и достоинствено Скопје, истакна Ѓорѓиевски.
фото Орце Ѓорѓиевски/ фб страница
Оваа статија има 428 прегледи


