Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Работен состанок на претседателот Гаши со ректорот Беким Фетаји

Претседателот на Собранието, г. Африм Гаши, денес одржа работен состанок со ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопјe, проф. Беким Фетаји, како и со претседателот на Синдикатот на Универзитетот, проф. Авни Авдиу.

За време на средбата, соговорниците разговараа за можностите за зајакнување на соработката меѓу Собранието и академските институции, со посебен фокус на подобрување на квалитетот на образованието и потребата од одржливи реформи во оваа област.

Беа разменети мислења за конкретни чекори што можат да се преземат за подобрување на условите за академскиот кадар и студентите, како и за зголемување на ефикасноста и транспарентноста на образовниот систем.

Ректорот го информираше претседателот за развојните проекти и планови на Универзитетот, додека претседателот Гаши, од друга страна, изрази целосна подготвеност да ги поддржи овие напори.

Претседателот Гаши високо го пофали придонесот на Универзитетот „Мајка Тереза“ и целиот персонал во развојот на образованието во земјата, охрабрувајќи ги континуираните напори за квалитетно, современо и инклузивно образование.

Можеби ќе ве интересира

Тешка сообраќајка во Битола – едно лице итно пренесено во клиничка болница

ДЕСК

Нов грабеж среде бел ден во Аеродром – 50 годишна жена остана без чантата во која имало пари, документи, мобилен телефон…

ДЕСК

Полицијата на нозе – се трага по исчезнато 15 годишно дете во центарот на Скопје

ДЕСК