Centar.mk
Општина Центар
-ЛОКАЛНО

Герасимовски го доби уверението за втор градоначалнички мандат: Продолжуваме да работиме за сите центарци

Вчера, официјално им беа врачени уверенијата за втор мандат на градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, како и на советниците кои во следните четири години заеднички ќе ги носат сите проекти за развој на општината.

„Честа да се води Општина Центар повторно ми ја дадоа граѓаните, а тоа е најголемата обврска и мотивација. Во вториот мандат остануваме посветени на проектите што ја прават општината пофункционална, поздрава и подобра за живеење. Ќе продолжиме со политики кои носат реални промени, со транспарентно и одговорно работење во интерес на сите жители на Центар. На советниците им посакувам многу успех и заеднички да продолжиме кон поубав развој на општината“, вели Герасимовски.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕД ДА ОДИТЕ ПО ПАСОШ ИЛИ ЛИЧНА КАРТА: МВР објави што не треба да носите

ДЕСК

Лишени од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило, 14 возеле без дозвола, од кои еден малолетник, еден со активна забрана и еден без дозвола и под дејство на алкохол

ДЕСК

Од денеска со Б категорија може да се управува мотоцикл до 125 cm³, но само со задолжителна четири часовна претходно помината теоретска обука

ДЕСК