Centar.mk
РЕГИОН

Вонредна ситуација во нуклеарната централа Козлодуј во Бугарија

Во нуклеарната централа Козлодуј, избувнал пожар во енергетската просторија на безбедносниот систем на петтиот блок, што предизвикало итна реакција на работниците на електраната, објави порталот „Новините“.

Поради густиот чад во просторијата, повикана е противпожарна служба, а се преземаат мерки за замена на оштетената опрема, јавува Танјуг.

Официјално е објавено дека ситуацијата е под контрола и дека нема опасност за луѓето. Работниците во електраната остануваат во готовност додека инцидентот не се реши целосно./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ЗАКАНА ЗА БОМБА НА ЛЕТОТ ЛОНДОН–СОФИЈА – Авионот пренасочен во Будимпешта

ДЕСК

СОМНЕЖИ ЗА КУПУВАЊЕ ГЛАСОВИ – Српското обвинителство наведува исплати од околу 51 евро

ДЕСК

СИЛНО НЕВРЕМЕ ЈА ПОГОДИ ГРЦИЈА – Поплави на Родос, затворени училишта и интервенции на спасувачите

ДЕСК