Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Пензионер доживеал ужас: Прво неколкумина му се заканувале со тврди предмети, а додека се обидел да бега паднал и тешко е повреден

На 03.11.2025 во 23:45 часот на ул.„29 Ноември“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода лице(29) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека околу 21:30 часот во населба „Деребој“ во Тетово заедно уште неколку лица со тврди предмети се заканувале на К.Ц.(73) од Тетово, кој се обидел да им побегне при што паднал и се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово.

Осомничениот е задржан во полициска станица и се работи на идентификување на другите лица, по што, по документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +