Centar.mk
фото Screenshot/МВР
МАКЕДОНИЈА

Приведени криумчари на мигранти во гевгелиско, следува соодветна пријава

На 02.11.2025 околу 22:00 часот во близина на село Богородица, гевгелиско, полицискли службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица ги лишија од слобода М.А.К.(20), У.Б.(21) и С.У.(31), сите од Република Турција. Претходно, полициските службеници забележале патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал М.А.К., а сопатник бил У.Б., и патничко возило „бмв“ со албански национални ознаки, кое го управувал С.У., како се движат во близина на граничната линија со Република Грција. Исто така, забележано е и едно лице мигрант, кое илегално ја преминало државната граница и кое потоа влегло во возилото „бмв“.

По преземени мерки возилата се сопрени и лицата с елижени од слобода, додека мигрантот е спроведен во прифатно-транзитен центар во Гевгелија за понатамошна постапка.
По целосно расчистување и документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Власта да покаже конструктивност заради работниците, да го поддржи Законот за 600 евра плата, велат од СДСМ

C +

СДСМ е за целосна интеграција во ЕУ, БРИКС и изолација не се опција

C +

(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски

C +