Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица, лицата кои се на издржување на казна затвор или се во притвор и лицата кои се пријавиле за гласање а се сместени во установите за вонсемејна грижа. Гласањето на оваа категорија гласачи се одвива во општините каде се одржува вториот круг на локалните избори и Градот Скопје.
Од вкупно 4.826 болни или немоќни лица кои можат да го остварат своето право на глас на вториот круг од локалните избори, до 16:00 часот гласале 2762 гласачи.
Во 14 казнено поправни установи, каде што своето право на глас можат да го остварат 1256 лица кои се на издржување казна затвор или притвор, до 16:00 часот гласале 380 гласачи.
Од 214 лица сместени во установите за вонсемејна грижа до 16:00 часот гласале 78 гласачи.
Гласањeто денес започна во 7 часот утринава и истото се одвива непречано во сите општини и Градот Скопје.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


