Centar.mk
ЛОКАЛНО

Вториот напад врз градоначалничката на Скопје доби епилог – Осуден напаѓачот, кој изразил искрено каење и се извинил

– Основниот кривичен суд Скопје денеска на Реџеп Нуредини за вториот напад врз градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска, му изрече условна казна затвор од 2 години, доколку во наредните 5 години не стори ново кривично дело и му изрече мерки за пробациски надзор во времетраење од 3 години, се вели во соопштението на Град Скопје.

– Судот ја донесе одлуката врз основа на признание на вина од страна на обвинетиот, кој изрази искрено каење и се извини за нападот кој се случи во јули 2025 во Чаир.

Нуредини призна вина за кривично дело насилство од член 386 став 1 од Кривичниот законик. Нападот се случи на 11 јули годинава, на улица Севастополска во Чаир, кога обвинетиот изврши напад врз Арсовска, со навреди и закани за време на увид на дивоградба, и беше спречен при обид за физички напад со што предизвика чувство на страв и несигурност не само кај мене, туку и во јавноста, соопшти Град Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски избран за потпретседател на ЗЕЛС: Очекувам конструктивна меѓуопштинска соработка и подобри проекти за граѓаните

ДЕСК

Герасимовски: Централата на училиштето „Киро Глигоров“ веќе носи пониски сметки, во 2026 нови фотоволтаици на покривите на „Гоце Делчев“ и „Коле Неделковски“

ДЕСК

орѓиевски, денеска беше домаќин на хрватската амбасадорка во Република Македонија, Н.Е. Нивес Тигањ

ДЕСК