Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ изгуби над 140.000 гласови, народот не се купува и не се потценува

Претседателот на Социјалдемократкиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција изјави дека загубата на ВМРО-ДПМНЕ на повеќе од 140.000 гласови во првиот изборен круг јасно покажува тренд на растечка поддршка за опозициските партии и дека очекува опозициското расположение да се засили во периодот после изборите, поради незадоволството на граѓаните од актуелната власт.

„Сметам дека треба да продолжи трендот на пат на поддршката на оваа владејачка гарнитура. И тоа беше евидентно во првиот круг на изборите. Повеќе од 140.000 гласови изгуби ВМРО-ДПМНЕ за нешто повеќе од година дена. И тоа е јасен знак, јасен индикатор дека опозициското расположение расте. Очекувам тоа да продолжи и да се засили и во периодот после изборите”, истакна д-р Филипче.

Тој додаде дека причините за ваквиот пад на поддршка лежат во однесувањето на власта и нејзината неспособност да понуди решенија за клучните проблеми на граѓаните.

„Јасно е зашто е така. Власта не понуди решенија за најтешките, за најгорливите проблеми на граѓаните не покажа слух, покажа само невиден степен на ароганција. И затоа сакам јасно да порачам дека гласањето е нашиот најмоќен протест против неспособноста, најсилен отпор на апатијата и единствен начин да изградиме општества што се фер, нормални и општества што се блиски до граѓаните”, нагласи лидерот на СДСМ, д-р Филипче на денешната прес-конференција.

Можеби ќе ве интересира

Скопјанец физички ја нападнал сопругата, ја удирал со раце и нозе по целото тело и главата, ја гушел и се обидувал со каиш да и ги врзе нозете – Жената на моменти губела свест, но успеала да се ослободи и преку прозорецот избегала кај соседите за да побара помош

ДЕСК

МИРЕН ВИКЕНД, А ПОТОА НЕВРЕМЕ НОСИ ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ, ЗАСИЛЕН ВЕТЕР И СТУД – Метеоцентар со детална прогноза

ДЕСК

Одбележана „25-годишнината од усвојувањето на Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН 1325 за Жени, мир и безбедност

ДЕСК