Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Филипче: Масовно излезете во недела, да продолжи трендот на пад на поддршката на оваа владејачка гарнитура

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес конференција повика на масовна излезност во недела, во вториот круг од локалните избори, со порака дека граѓаните треба да го продолжат трендот на опаѓање на поддршката за владејачката гарнитура.

„Овие избори се шансата да се покаже дека народот не се купува, не се лаже и не може да се потцени. Сметам дека треба да продолжи трендот на пад на поддршката на оваа владејачка гарнитура. ВМРО-ДПМНЕ изгуби над 140.000 гласа за само една година, тоа е јасен сигнал дека опозициското расположение расте“, рече Филипче.

Тој истакна дека власта не понудила решенија за проблемите на граѓаните и покажала „невиден степен на ароганција“.

„Гласањето е нашиот најмоќен протест против неспособноста и најсилен отпор на апатијата. Во недела сигурен глас може и ќе направи разлика“, порача Филипче.

Тој ги повика граѓаните да излезат масовно и да гласаат за кандидатите на СДСМ и коалицијата.

„Гласајте за чесни и отчетни луѓе кои ќе работат исклучиво во интерес на граѓаните, за локална власт што ќе биде вистински сервис на народот.“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Можеби ќе ве интересира

Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот, вели Стоојаноски

ДЕСК

ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ВО МАКЕДОНИЈА – Дождови и магла од петок, во недела се очекуваат пообилни врнежи

ДЕСК

МИЦКОСКИ ОЧЕКУВА СОРАБОТКАТА СО СРБИЈА ДА ПРОДОЛЖИ – Опозицијата бара одговори за можни врски

ДЕСК