Centar.mk
фото МВР
МАКЕДОНИЈА

ФОТО: МВР објави фотографија од лицето кое ограби неколку Филијали за брзи кредити

Лишено од слобода лице од Скопје, признал две разбојништва во филијали за брзи кредити, поднесена му е кривична пријава и определен му е притвор
На 26.10.2025 во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.А.(25) од Скопје. Тој се сомничи дека на 15.08. и 18.08.2025 извршил разбојништва во две подружници на финансиски друштва на подрачјето на ЕВР Центар и Бит Пазар, односно дека со закана со пиштол одзел пари.

Лицето е задржано во полициска станица и во службен разговор ги признал делата. Во координација со јавен обвинител, против него е поднесена кривична пријава по итна постапка, а судија на претходна постапка му определи мерка притвор од 30 дена.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на пуштање на употреба на реконструираните 6 операциони сали во Клинички центар „Мајка Тереза“

ДЕСК

ВАЖНА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ КОИ ПАТУВААТ ВО ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ НА ЕУ: Започнува електронската евиденција и контрола на граничните премини на државјаните од државите кои не се членки на ЕУ

ДЕСК

Спремете куси ракави: Синоптичарите најавуваат температури до 25°C

ДЕСК