Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Скопјанец уапсен затоа што возел под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна несреќа со повредени

На 22.10.2025 во 14:47 часот на ул.„Индира Ганди“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода маж(30) од Скопје.

При вршење на увид на сообраќајна несреќа на крстосницата од ул. „Индира Ганди“ и ул. „Нов живот“, во која учествувале патничко возило „ауди“, управувано од маж и патничко возило „цитроен“, управувано од лице(22), при што сопатничката во возилото „цитроен“ лице(23) се здобила со телесни повреди, било утврдено дека возачот на аудито возилото го управувал под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,98 промили алкохол во крвта.

30 годишниот скопјанец е лишен од слобода и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Можеби ќе ве интересира

Преку мобилна апликација секој ќе може да си провери дали има казна од „Безбеден град“, ќе се бележи историја на прекршоци за секого

C +

Инцидент во скопско село: Закани со огнено оружје по конфликт за паркинг

ДЕСК

Предновогодишна тепачка во угостителски објект во Скопје

ДЕСК