Centar.mk
фотографијата е генерирана со вештачка интелегенција за потребите на Centar.mk
ЛОКАЛНО

Герасимовски: Спроведуваме вонредна есенска дератизација на целата територија на Општина Центар

Службите на Општина Центар заедно со Институтот за јавно здравје Скопје, веќе 5 дена спроведуваат вонредна есенска дератизација, со која се опфатени 1.980 шахти.

Дератизацијата се спроведува со цел уништување штетни глодари и превенција од заразни болести, како дел од мерките што општината ги презема за заштита на населението.

„Спроведуваме вонредна дератизација со цел да ги спречиме сите можностите од појава на зараза. Во услови на хаос во градот во однос на јавната хигиена, оваа акција е важен чекор за сузбивање на потенцијални извори на болести“ рече Герасимовски.

Општина Центар информира дека препаратот е специјално дизајниран за контрола на популацијата на глодари и е сертифициран од овластен производител, обезбедувајќи безбедност за другите животински видови.

Можеби ќе ве интересира

Младински политики по мерка на младите

ДЕСК

Општина Битола распиша конкурс за избор на идејно урбанистичко – архитектонско решение за спортско рекреативна зона – АРМ – Битола

ДЕСК

Завршија градежните работи на централната кујна при ЈОУДГ „Гоце Делчев“ во Општина Илинден

ДЕСК