Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Повторно отворена Амбасадата на Србија во Киев

Амбасадата на Србија во Киев, главниот град на Украина, повторно е отворена по привременото затворање во 2022 година поради безбедносната состојба, јави агенцијата „Анадолија“.

По тој повод, бил организиран прием на кој присуствувале дипломати, претставници на државни институции и други гости.

Амбасадорот на Србија во Украина, Андон Сапунџи, изјавил дека отворањето на Амбасадата симболизира „враќање на Србија во Киев“ и обновување на активната соработка меѓу двете земји.

„Нашиот работен простор сè уште не е целосно завршен, но сакав да ја споделам оваа радост со вас уште сега. Србија се врати“, истакнал Сапунџи додавајќи дека од почетокот на војната повеќе од 100.000 Украинци заминале во Србија, каде што отвориле компании, а нивните деца одат на училиште.

Според украинската агенција „Интерфакс“, Србија ѝ обезбедува хуманитарна помош на Украина, учествува во проекти за изградба на подземни градинки во близина на фронтот, испорачува опрема за енергетската инфраструктура и организира образовни програми за деца од Сумската и Харковската област.

Двете земји воспоставиле дипломатски односи на 15 април 1994 година, а Амбасадата во Киев почнала со работа во 1995 година.
Во март 2022 година, неколку дена по почетокот на руската инвазија, нејзината работа беше привремено прекината поради безбедносната состојба./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Трамп за уривањето на дел од Белата куќа: „Тоа е музика за моите уши“

C +

Европскиот парламент ја поддржа забраната за увоз на руски гас и нафта

C +

„Лувр“ повторно отворен, крадците сè уште во бегство

C +