Centar.mk
СВЕТ

Венецуела тврди дека Вашингтон планира соборување на нејзината влада за нафта

Владата на Венецуела изрази голема загриженост поради изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп и најави дека ќе поднесе жалба до Советот за безбедност на Обединетите нации.

„Њујорк тајмс“ прв објави дека САД се подготвени за тајни операции што ЦИА ќе ги спроведе во Венецуела. Самиот американски претседател брзо ги потврди овие наводи.

„Давам зелено светло за овие операции“, рече Доналд Трамп, додавајќи дека сака да спречи пристигнување на големи количини дрога од Венецуела во САД, но и дека јужноамериканската земја ослободува голем број затвореници, вклучително и луѓе од институции за ментално здравје, и ги испраќа во САД.

Венецуела објави дека ваквите изјави претставуваат кршење на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации и дека подготвува жалба.

Венецуела, исто така, додаде дека сите акции на САД се насочени кон соборување на сегашното раководство на Венецуела со крајна цел да ги запленат нејзините нафтени ресурси./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Иран ја изврши првата наплата за премин низ Ормускиот теснец

C +

Синот на последниот шах на Иран: Нејасните пораки на ЕУ за Иран можат да имаат последици

C +

Поранешен шеф на НАТО: Европа мора да стане воено независна од САД

C +