Centar.mk
БИЗНИС

КУПУВАЈТЕ ДОДЕКА Е БАГАТЕЛА: Шнолите, играчките и гаџетите од “Тему” и “Али експрес” ќе се даночат со 18 отсто најверојатно по изборите

Малите пратки од “Тему”, “Ebay”, Али експресс и други компании кои имаат онлајн продавници од сега ќе се оданочуваат со 18 проценти.

Со новите предлог законски измени се укинува прагот за оданочување од 22 евра за пратките испратени од правни лица од странство, па така сега сите пратки без исклучок ќе имаат ДДВ.

Измените кои ги предложија властите би требало да се најдат на собраниска седница најверојатно по изборите, а доколку Силјановска ги потпише истите ќе стапат во сила по 8 дена од објавата во Службен весник, а тоа значи за време на Новогодишните и Божиќните празници кога родителите за своите деца им купуваат подароци.

Оваа мерка ќе удри по џебот на граѓаните, но ќе ја наполни буџетската каса, според некои од проценките со ова државата ќе добива 60.000 евра месечно повеќе во својот буџет.

Можеби ќе ве интересира

РКЕ ПРЕД ОДЛУКА, СЕ ГОТВАТ НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: Ќе има ли корекција на цените на бензинот и дизелот?

ДЕСК

Барел нафта повторно премина 112 долари

ДЕСК

Клучен енергетски објект во срцето на Скопје: ЕВН Македонија ја активира новата стратешка трафостаница „Централна“

ДЕСК