Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Фон дер Лајен во Македонија: Земјата заслужува да оди напред

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на вчерашната средба со македонската претседателка, Гордана Сиљановска – Давкова, ја нагласи јасната волја кај сите 27 земји, членки на ЕУ, за забрзано реинтегрирање на Балканот и го поздрави значајниот прогрес постигнат во рамките на Планот за раст, потенцирајќи дека земјава заслужува да оди напред.

Од Кабинетот на Сиљановска – Давкова соопштија дека на средбата претседателката ја реафирмирала посветеноста кон исполнувањето на стратешката цел – полноправно членство во ЕУ.

Урсула фон дер Лајен пак, разговорот го започнала со изразување отворен интерес на ЕУ за Западниот Балкан, заради неговата природна европска припадност во географска, историска и културна смисла, но и заради тектонските промени на меѓународниот поредок и зголемените светски и европски безбедносни закани.

Сиљановска – Давкова на средбата кажа дека очекува помош од Унијата во пронаоѓањето на излезно креативно решение за деблокада на македонските интеграции и изрази спремност за македонско-бугарски разговори по завршувањето на локалните избори./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски призна, со ВМРО-ОК Македонија нема да стане членка на ЕУ – предадени се националните интереси

ДЕСК

Снег врне на овие патни правци, внимателно возете вечерва – Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК

Циклон носи дожд и пад на температурите: Среда и четврток најкритични – детална прогноза за следните четири дена

ДЕСК