Centar.mk
фото Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Филипче: 700 милиони евра неплатени обврски кон фирмите, власта ја задуши економијата

Претседателот на СДСМ Венко Филипче, денеска на прес конференција изнесе статистики кои треба да предизвикуваат сериозна загриженост за насоките и работењето на владата. Тој рече дека наспроти пораките на власта за некакви економски „успеси“ реалноста е дека Светска банка има проекции за пораст на јавниот долг до 62,9% од БДП, но Филипче денеска рече дека и на овие бројки државата има скриен долг од 700 милиони евра.

„Под површината, стои уште еден проблем кој Владата избегнува да го признае. Фискалниот совет предупредува на приближно 700 милиони евра доспеани, а неплатени обврски. Тоа е скриен долг што директно ја уништува ликвидноста на македонските компании“ потенцираше тој.

Претседателот Филипче денеска изнесе факти според кои државата ќе биде најзадолжена земја на Западен Балкан како и единствена земја во која актуелниот долг го надминува пред пандемискиот пик. Сите овие податоци, рече Филипче, укажуваат на алармантна состојба на буџетот, со приходите, со инвестициите и реализацијата на капиталните инвестиции, како основни индикатори за економската состојба во државата.

Можеби ќе ве интересира

Владата донесе одлука до Собранието да го достави предлогот Ненад Савевски за нов државен јавен обвинител

ДЕСК

Битолчанка останала без пари и накит – Познатата измамничка шема и натаму актуелна, повозрасните да внимаваат!

ДЕСК

Мицкоски: Инфлацијата се спушти под 3%, треба да сториме сѐ што е во наша моќ да ја одржиме ценовната стабилност

ДЕСК