14. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Поведена постапка за сторител на неколку тешки кражби во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 19-годишник осомничен за продолжено кривично дело – Тешка кражба по член 236 став 1 точка 1 и едно кривично дело – Одземање на моторно возило по член 242 став 1 од Кривичниот законик.

За помалку од 20-тина дена, односно од 22.09 до 09.10.2025 година, осомничениот извршил четири тешки кражби на велосипеди и електрични тротинети во центарот на Скопје, со што прибавил вкупна противправна имотна корист од околу 170 илјади денари. При кражбите користел сила за да ги скрши сигурносните сајли со кои биле обезбедени превозните средства и да ги одземе.

На 28 септември осомничениот противправно одзел туѓо моторно возило – мопед, вреден 60.000 денари со намера да го употреби за возење.

Имајќи ги предвид сите околности, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи тоа е единствен начин да се обезбеди неговото присуство во понатамошната кривична постапка.

Можеби ќе ве интересира

Пронајдено починато машко лице на ридот над германските гробишта во Битола

ДЕСК

Исчезнаа две деца во Скопје – едно на 13 годишна, друго на 16 годишна возраст

ДЕСК

СДСМ: Судир на интереси во ОИК Зелениково со цела фамилија на кандидатот за градоначалник на ДПМНЕ, ДИК да ги разреши

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.