Centar.mk
-ЛОКАЛНО

Герасимовски: Центар е единствена општина што оформи свое јавно претпријатие за производство и продажба на електрична енергија „Енергија Центар”

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ Горан Герасимовски, синоќа на терен „од врата до врата“ на центарци им ја презентираше новата програма за работа што е предвидена за реализација во следниот четири годишен мандат.

„Реализиравме над 90% од програмата. Изградивме нова градинка, ги подобривме условите во сите градинки, но и општински основни училишта, поставивме ново ЛЕД осветлување во целата општина. Вложуваме во младите преку субвенции, се грижиме за пензионерите. Ние сме единствена општина што оформи свое јавно претпријатие за производство и продажба на електрична енергија „Енергија Центар“. Сè што правевме беше единствено за граѓаните на нашиот Центар и затоа развојот мора да продолжи“, рече Герасимовски.

Тој, најави нови капитални проекти како изградба на нова градинка во близина на Клиничкиот Центар за 100 деца, нов дом за стари лица што ќе овозможи вработување на 25 негователи, како и изградба на административно-граѓански објект.

„Воведуваме бесплатен оброк за сите ученици во целодневна настава, а на учениците од петто до деветто одделение им следува бесплатна неколкудневна екскурзија низ Македонија“. Од следната година почнуваме и со бесплатни дополнителни часови за сите ученици, заедно со пензионираните наставници и професори во општината“, порача Герасимовски.

Можеби ќе ве интересира

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ДЕСК

ВАЖНА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ КОИ ПАТУВААТ ВО ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ НА ЕУ: Започнува електронската евиденција и контрола на граничните премини на државјаните од државите кои не се членки на ЕУ

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК