Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Герасимовски: Сите детски и спортски игралишта се обновени, следуваат нови инклузивни и пристапни игралишта за сите деца

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар и актуелен татко на општината, Горан Герасимовски, порача дека во следниот мандат продолжува со интензивни вложувања во нови и модерни детски и спортски игралишта, со цел да се поттикне физичката активност, социјализацијата и спортскиот дух на сите генерации во Центар.

„Ги обновивме сите детски и спортски игралишта во Општина Центар. Сега, децата, младите, но и возрасните имаат свој простор каде што можат да се рекреираат, дружат и социјализираат. Во новиот мандат продолжуваме со поставување на нови игралишта и урбана опрема, со што ќе ги поттикнеме центарци на повеќе физичка активност и негување на спортскиот дух“, изјави Герасимовски.

Тој нагласи дека при уредувањето на новите игралишта посебен акцент се става на инклузивноста и пристапноста.

„При уредувањето на новите детски игралишта, особено ќе внимаваме тие да бидат инклузивни и пристапни за сите деца, затоа што секое дете заслужува простор за игра и среќа“, вели Герасимовски.

Можеби ќе ве интересира

ПРВО ТЕМПЕРАТУРИ ДО 25°C, А ЗА ВЕЛИГДЕН СИЛЕН ДОЖД И СНЕГ НА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА: Синоптичарите излегоа со повеќедневна прогноза

ДЕСК

Маж од Кичево возел иако имал забрана за управување возило и удрил во малолетник, лишен е од слобода, возилото е одземено

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА “УПАДНА” ВО НОЌНИ КЛУБОВИ ВО ОХРИД И СКОПЈЕ: Полицајците тресеа познати локали – констатирано дека клубови точеле алкохол, а обложувалница примало малолетници

ДЕСК