Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фотографијата е илустративна / Pixabay
МАКЕДОНИЈА

Детали за трагедијата на патот Штип – Кочани: Едно лице загина, повеќе повредени

На 07.10.2025 во 09:18 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на експресниот пат Штип- Кочани, во близина на с.Горни Подлог, кочанско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со регистарски ознаки од Македонски Брод, управувано од Х.М.(32) од с.Трубарево, скопско и патничко возило „фолксваген поло“ со бугарски национални ознаки, управувано од 22-годишната И.М. од Кочани.

Во несреќата со повреди се здобиле двајцата возачи и Б.Д.(33) од с.Љуботен, скопско, Д.З.(36) од с.Трубарево и И.М.(21) од с.Трубарево, сопатници во возилото „рено“, и по укажаната помош во болницата во Кочани, 22-годишната И.М. е пренесена во приватна болница во Скопје, додека останатите се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје. Од здобиените повреди Б.Д. починал, а кај Х.М. се констатирани тешки телесни повреди.

Додека, кај останатите се констатирани телесни повреди. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. Увид извршила екипа од СВР Штип– ОВР Кочани.

Можеби ќе ве интересира

Орце Ѓорѓиевски по дебатата со Мециновиќ: Скопјани сакаат дела и резултати

C +

Мециновиќ по дебатата: Ова е генерациска борба на непривилегираните

C +

Поднесено обвинение за несреќа со загинат работник на сепарација на Вардар

ДЕСК