Centar.mk
РЕГИОН

Четворица загинати во сообраќајна несреќа во Хрватска: нуркачите ги извлекоа телата од море, автомобилот бил изнајмен на аеродром

Четири лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи вчера попладне на Јадранската магистрала во близина на Сењ. Патничко возило со загрепски регистарски таблички излета во морето кај населбата Буница, потврди тамошната полициска управа. Несреќата се случила кратко по 16:30 часот.

Итни служби веднаш беа испратени на местото на настанот, а во потрагата беа вклучени и нуркачи од Хрватската планинска служба за спасување од Госпиќ. По пристигнувањето на местото на несреќата, го пронашле возилото во морето. Според спасувачите, телото на едно лице пловело, додека нуркачите извлекле уште три тела од морето. Во автомобилот имало двајца мажи и две жени.

Телата се транспортирани во Институтот за судска медицина во Риека, каде што ќе се изврши обдукција за да се утврди причината за смртта и идентитетот на починатите. Полицијата потврди дека истрагата на лице место е завршена, но во тек е понатамошна кривична истрага за да се утврдат сите околности на несреќата.

Според неофицијални информации, возилото било изнајмено на аеродромот „Д-р Фрањо Туѓман“, што укажува на можноста починатите да биле странски државјани, објави РТЛ. Ова ќе биде познато дури по официјалната потврда на идентитетите./Извор:Makfax

Гледај го бонус видеото и следи нè на YouTube за вакви содржини секој ден

Можеби ќе ве интересира

Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови

C +

Поплави во Херцеговина: куќи под вода, нивото на реките продолжува да се зголемува

C +

Снегот во Сараево сруши дрво врз жена: од повредите почина

C +