Centar.mk
-ЛОКАЛНО

Герасимовски: Денеска поставуваме фотоволтаични панели во училиштето „Св. Кирил и Методиј“

Денес започна поставувањето на фотоволтаични панели во Основното општинско училиште „Св. Кирил и Методиј“. Градоначалникот Горан Герасимовски утрово го посети ова центарско училиште и им посака успешна работа на екипите задолжени за инсталацијата.

„Денеска сме во училиштето „Св. Кирил и Методиј“ каде што ги поставуваме фотоволтаичните панели на нашите кровови. По завршување на поставување на фотоволтаични панели на училиштето „Киро Глигоров“ сега продолжуваме и во другите училишта. Општина Центар е енергетски независна општина, општина којашто е прва и има основано претпријатие за производство и продажба на електрична енергија „Енергија Центар“. Продолжуваме да го користиме сонцето и преку обновливи извори на енергија да ги задоволуваме потребите за струја во нашите училишта и со тоа ги намалуваме сметките на самите училишта“, рече Герасимовски.

Со поставувањето на фотоволтаични панели во училиштата се обезбедуваат подобри услови за наставниот процес, се поттикнува еколошката свест кај младите генерации и се создава пример којшто може да го следат и други институции.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: Министерството за финансии работи интензивно на системски пристап во финансиските истраги- Криминалот повеќе нема да биде исплатлив

ДЕСК