Centar.mk
фото Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се виновни за депониите кои го трујат Скопје

-На Скопје и на пола Македонија им се заканува еколошка катастрофа поради тоа што четири години ВМРО-ДПМНЕ не мрднаа со прст да го решат проблемот со депониите, велат од СДСМ.

-Секојдневно, стотици илјади граѓани се под закани на канцерогени материи, затоа што неспособната власт на ВМРО-ДПМНЕ дозволи дивите депонии да станат еколошки бомби.

Неспособното ВМРО-ДПМНЕ и нивните градоначалници се најголемата катастрофа за Скопје. Ветуваа дека сите депониии ќе ги исчстат и ќе најдат решение, после 4 години нема ништо од тоа. Резултатот е поразителен, задушен град и огромен ризик по здравјето на скопјани од канцерогени материи.

Орце Ѓорѓиевски нели е претседател на ЗЕЛС зошто се крие?

Треба да престане да бега, да излезе и да им каже на граѓаните зошто четири години не е решена депонијата Вардариште, зошто не е решена Дрисла, зошто ништо не е направено?

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го загушија Скопје и ја трујат Македонија, и токму тие се најголемите виновници за еколошката катастрофа што се случува, се вели во денешното соопштение на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Заев поднесе тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев – целата отштета ќе оди за децата без родители и лицата со посебни потреби

ДЕСК

Обвинителството за куќниот притвор на Груби: Се водиме исклучиво од законските основи

C +

Утре сончево време со температура до 16 степени

C +