5. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Зеленски: Крајот на војната во Украина е веројатен според едно сценарио, но тоа нам не ни одговара

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека крајот на војната во таа земја е можен според „корејското сценарио“, но дека тоа не ѝ одговара на Украина од гледна точка на безбедносните гаранции.

„Јужна Кореја е пример за триумф на вредностите. Нејзиниот развој не е соодветен на развојот на Северна Кореја, каде што имаше вистински економски и цивилизациски пад. Јужна Кореја направи скок напред во цивилизациски, технолошки и економски поглед бидејќи негува хуманизам“, тврди Зеленски.

Според него, крајот на војната според „корејското сценарио“ е веројатен за Украина, но заканата од Северна Кореја е непропорционална на руската, а нивото на безбедносни гаранции за Јужна Кореја е многу повисоко, пренесува Укринформ.

„Сè е можно, но мора да се каже дека Јужна Кореја има голем сојузник – Соединетите Американски Држави. И, верувајте ми, тие имаат многу системи за воздушна одбрана кои ја гарантираат нивната безбедност“, рече Зеленски.

Тој истакна дека Украина се стреми да добие сигурни безбедносни гаранции, како што се системите „Патриот“ што ги има Јужна Кореја, истакнувајќи дека руската закана за Украина е до десет пати поголема од севернокорејската закана за Јужна Кореја.

„Идентична репродукција на јужнокорејскиот модел веројатно нема да ѝ одговара на Украина од безбедносна гледна точка“, рече Зеленски, додавајќи дека го почитува економскиот модел на земјата./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Трамп ќе го преименува Министерството за одбрана во Министерство за војна

C +

Руски дрон уби двајца мажи и една млада жена во Украина

C +

Украинците ја нападнаа најголемата рафинерија на рускиот нафтен гигант

C +