27. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
-МАКЕДОНИЈА

Филипче: Економската политика на Владата на ВМРО-ДПМНЕ е најлошата во историјата

После 15 месеци власт на ВМРО-ДПМНЕ, може да оцениме дека економската политика на оваа влада е најлошата во историјата, изјави претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче.

На денешната прес-конференција, Филипче посочи дека власта, наместо за мерки за граѓаните, буџетските пари ги користи за свои лични интереси.

„Десетици милиони евра се буквално украдени од граѓаните преку непреземање мерки за цените, преку непокачување на платите, преку растот на нееднаквоста и сиромаштијата, што е свесна и намерна политика на оваа власт“, рече Филипче.

Притоа, тој посочи дека за разлика од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ имаше и сè уште има подобри економски политики во интерес на граѓаните.

„Ако нешто може со сигурност да го кажам, тоа е дека СДСМ имаше и сè уште има далеку подобри економски политики насочени кон граѓаните, со грижа за стандардот и со јасна цел – економија што им служи на граѓаните“, изјави Филипче.

На прес-конференцијата, Филипче нагласи дека СДСМ нема да отстапи од решенијата кои веќе ги предложи, а владејачкото мнозинство не ги прифати, за справување со инфлацијата и заштита на стандардот на граѓаните.

„Нема да отстапиме од нашата борба и од нашите предлози. Раст на платите во сите сектори, зголемување на минималната плата на најмалку 500 евра, намалување на цените преку укинување на ДДВ за основните прехранбени производи – тоа се мерки кои што веќе ги предложивме во Собранието. За жал, владејачкото мнозинство не ги поддржа. Ќе продолжиме, ќе ги поднесеме уште еднаш и понатаму. И нема да отстапиме во таа битка за достоинствен живот, за подобар стандард на граѓаните“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Додека ВМРО ДПМНЕ е на власт противниците на Македонија мирно спијат

ДЕСК

МОН: Учебници за сите ученици на стартот на новата учебна година

ДЕСК

Шукова: Негрижата на ДПМНЕ и Арсовска го оставија во заборав булеварот Борис Трајковски

ДЕСК