Centar.mk
Uncategorized

Македонија се ситни: Во второто тромесечие повеќе луѓе умреле, отколку што се родиле

Природниот прираст и во второто тримесечје од 2025 година e негативен и изнесува -1 135 лица, покажуваат најновите податоци на ДЗС.

Во второто тримесечје од 2025 година, во споредба со истиот период од 2024 година, бројот на живородените деца е 3 741 и е намален за 4.2 %.

Бројот на умрените лица во второто тримесечје од 2025 година бележи зголемување од 1.2 % во споредба со истото тримесечје од 2024 година и изнесува 4 876 лица, а од нив 13 се умрени доенчиња.

Природниот прираст е негативен и изнесува -1 135, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

Фото Влада

Можеби ќе ве интересира

ЦРНА ГОРА ГИ ИЗГЛАСА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ – Со 56 гласа воведена основа за проверка на интегритетот на министрите

ДЕСК

Стручната книга „Превентивна стоматологија“ ќе биде промовирана на Стоматолошкиот факултет

ДЕСК

Јубилеј што го истакнува придонесот на Силјан во вреднувањето, афирмацијата и зачувувањето на македонското книжевно наследство

ДЕСК