Centar.mk
Фото Општина Илинден
ЛОКАЛНО

Новина во општина Илинден – изнајмување на електрични автомобили

За прв пат граѓаните на општина Илинден ќе имаат можност да изнајмуваат електрични автомобили за своите потреби. За таа цел градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски и директорот на Авант Кар, Мартин Милевски потпишаа Меморандум за соработка преку кој се овозможува на територија на општина Илинден воведување и имплементација на Систем за дистрибуција на автомобили со 100% електрична енергија.

Поставени на три локации на територија на општина Илинден, односно на паркингот кај Домот на култура „Илинден“, на паркингот кај спортската сала „Гоце Делчев“ и на паркинг просторот кај спортско рекреативниот центар во Марино, граѓаните преку инсталирање на апликација на својот мобилен уред ќе можат да го користат електричниот автомобил. На истите локации каде се наоѓаат автомобилите ќе бидат поставени и електрични полначи за истите. Автомобилите се под името на брендот Авант „Avant2GO“

Како што изјави градоначалникот Александар Георгиевски, Општина Илинден од ден на ден станува се поубава и помодернизирана Општина. Целта е да се подобри квалитетот на живот преку создавање напредни решенија за одржлива мобилност. Ние ја следиме визијата за чиста, едноставна, ефикасна и достапна подвижност, која дејствува како платена услуга само кога ни е потребна.

Споделувањето на електричните возила е самопослужување краткорочен наем на разни воспоставени електрични возила по претходно утврдени локации 24 часа на ден, секој ден во годината. Преку апликацијата која треба да биде инсталирана на паметен телефон (од резервација до плаќање), корисникот може да земе возило во секои време.

Фото Општина Илинден

Можеби ќе ве интересира

Советникот Андреа Сиљаноски во Општина Македонски Брод хуманитарно го подели првиот советнички хонорар.

ДЕСК

Ѓорѓиевски: Скопје конечно добива Луна Парк!

ДЕСК

Ѓорѓиевски, денес оствари протоколарна и исклучително пријатна средба со делегација од Амбасадата на Јапонија, предводена од амбасадорката Н.Е. Сецуко Кавахара

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.