Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

МАКЕДОНИЈА ВО СОЛЗИ: Загинаа две малолетни девојчиња откако излетале од четирицикл

Како што соопшти МВР, 18:05 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на локален пат во с.Колибари, кичевско, 15-годишна малолетничка од с.Колибари, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, изгубила контрола и со четирициклот излетала од коловозот.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починале малолетничката и нејзината малолетна сопатничка од с.Грешница, кичевско.

Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите биле дадени на обдукција.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кичево.

Можеби ќе ве интересира

Андоновски: Наша заедничка одговорност е да создадеме средина во која технологијата ќе биде алатка за учење, креативност и развој, а не извор на ризици

C +

Жерновски до Мицкоски: Зошто не го вративте името?

C +

Филипче: Минимална плата од 600 евра е реална потреба

C +