Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Во петок температури до 38°C, а потоа ПРЕСВРТ – Следуваат значителни промени со времето, МЕТЕОЦЕНТАР со детална прогноза за следните 4 дена

Во петок и сабота во западните и северните делови ќе има услови за повремен локален дожд и појава на ретки грмежи. Во петок ќе дува засилен повремено силен ветер од западен и југозападен правец. За време на викендот ветерот ќе го смени правецот во северен со умерен, долж Повардарието повремено засилен интензитет, а температурите ќе бидат во опаѓање.

Прогноза за 22.08.2025
Минимална температура: 11°C до 20°C
Максимална температура: 31°C до 38°C

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен , наместа повремено силен ветер од западен и југозападен правец.

Прогноза за 23.08.2025
Минимална температура: 11°C до 21°C
Максимална температура: 25°C до 33°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне, претежно во северозападните делови ќе има услови за изолирана појава на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 24.08.2025
Минимална температура: 9°C до 18°C
Максимална температура: 26°C до 33°C

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Лишен од слобода возачот кој денеска удри велосипедист на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје и го напушти местото на настанот

ДЕСК

НОВА ТРАГЕДИЈА ВО СКОПЈЕ: Возач на пасат прегази велосипедист кој почина – шоферот побегнал, а возилото го оставил

ДЕСК

По победата на локалните избори, Билал Касами – иден претседател на ВЛЕН?

ДЕСК