Centar.mk
фото Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Состојбата е алармантна, над 11.000 фирми не исплатиле плати, владата има 900 милиони евра неисплатени обврски

– Над 11.000 фирми не исплатиле плати, причините секако се лошите економски политики на власта. Состојбата во економијата и во стопанството е алармантна, драстично е намалена ликвидноста во стопанството, фирмите едноставно немаат средства за исплата на плати и обврски а владата не им испорачува навремени средства, изјави Богданка Кузеска од СДСМ.

Неисплатените обврски од страна на државата се огромни, за поврат на ДДВ и други договорни обврски достигнаа околу 900 милиони евра.

Унгарските пари се уште не стигнаа, ветените средства кои требаше да ја возобноват ликвидноста ги нема. Банките не го поддржуваат стопанството затоа што ја кредитираат државата, нема дополнителна поддршка од финансискиот сектор.
Власта нема јасни цели за развој на економијата – отсуствуваат стратегија и визија, што доведува до „разурната економија“ која се распаѓа пред очите на граѓаните и на фирмите, рече Кузеска

Можеби ќе ве интересира

Метеоролозите објавија повеќедневна прогноза – Какво време да очекуваме до крајот на оваа седмица?

ДЕСК

Меѓународна потерница по Саит Саитов, лицето кое прегази жена во Скопје, избега од местото на настанот и ја напушти државата

ДЕСК

Министерот за европски прашања ја потврди посветеноста на Владата кон ЕУ интеграцијата

ДЕСК