Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Перински: Одржливи општини се она што и недостасува на Македонија и токму тука е нашиот фокус

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денеска ги потпиша договорите за кофинансирање на 7 проекти со вкупно 18 корисници – општини и организации од граѓанскиот сектор од Македонија.

Овие проекти се реализираат во рамки на Програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија, преку отворениот повик за инвестициски иницијативи по Приоритет 3: „Интегриран развој на прекуграничниот регион“.

Вкупна вредност на јавниот повик изнесува 500.971.694 денари. Од овие средства за македонските корисници обезбедени се 137.887.557 денари преку кофинансирање од ЕУ и национално кофинансирање во вредност од 26.349.547 денари.

Проектите се во област на препознатлив културен и природно ориентиран и одржлив туризам.

Преку оваа Програма ги развиваме Источниот, Југоисточниот и Североисточниот плански регион.

Можеби ќе ве интересира

ВРЕМЕТО СЕ ВЛОШУВА: По сончев викенд следуваат дожд и невреме

ДЕСК

Важна вест за возачите кои ќе возат на патот Плетвар – Прилеп

ДЕСК

ЗНМ: По истекот на рокот за избор во МРТ, јавноста очекува кредибилен и целосно транспарентен процес

ДЕСК