18. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЗДРАВЈЕ

Експертите објаснуваат зошто е корисен грчкиот јогурт

Дали некогаш сте се запрашале што се случува со вашето тело ако консумирате грчки јогурт секој ден?

Експертите често го фалат грчкиот јогурт затоа што е богат со калциум, што е од суштинско значење за силни коски, богат со протеини и пробиотици кои се корисни за цревата.

Но, дали некогаш сте се запрашале што се случува со вашето тело кога го консумирате секој ден? Имено, тој е многу корисен кога станува збор за губење на тежината.

Диететичарката Мари Сабат за „Јади го ова, не она!“ изјави дека ферментираната храна богата со протеини помага во растот на мускулната маса и одржувањето на здравјето на цревата. Овие два фактори го намалуваат салото на стомакот.

Грчкиот јогурт може да ви помогне и да добиете повеќе енергија. Личниот тренер, Џој Граут, изјави дека консумирала грчки јогурт секое утро во период од седум дена пред да им го препорача на своите клиенти.

„Најзабележителната промена беше одржувањето на моето ниво на енергија за време на моите утрински тренинзи, без падовите на енергија што ги доживував кога го јадев мојот вообичаен појадок“, додаде таа.

Дополнително, Грут се чувствувала сита подолго време бидејќи грчкиот јогурт содржи приближно 20 грама протеини по пакување, што значи дека не посегнувала по грицки пред ручек.

„Една клиентка изгуби три килограми во првата недела со тоа што ги замени шеќерните житарки со грчки јогурт со бобинки“, рече таа.

Грчкиот јогурт, исто така, ќе го подобри здравјето на вашите црева бидејќи пробиотиците го поддржуваат имунолошкиот систем со одржување на рамнотежата на цревниот микробиом.

Директорот на компанијата „Солас Хелт“, Џереми Гервик, вели дека дневната консумација е клучна бидејќи на пробиотиците им се потребни од седум до 14 дена за да почнат да дејствуваат на цревата.

„Препорачувам незасладен, обичен грчки јогурт со бобинки како дневен извор на храна, бидејќи е полн со антиоксиданси“, додава тој./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Што се случува со нашето тело кога постојано јадеме слатко?

C +

Нов тренд за вежбање: јапонско интервално одење

C +

Животни навики што го зголемуваат ризикот од деменција

C +