Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Зеленски во понеделник ќе отпатува за Вашингтон на разговори со Трамп

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во понеделник ќе отпатува за Вашингтон на разговори со американскиот претседател Доналд Трамп, објави Зеленски на Телеграм по денешниот телефонски разговор со Трамп, јави ДПА.

Зеленски рече дека претходно телчефонски разговарал со Трамп повеќе од час и половина, откако американскиот претседател синоќа се сретна со рускиот лидер Владимир Путин во Алјаска.

„Во понеделник ќе разговараме за сите детали во врска со завршувањето на убиствата и војната“, рече Зеленски, додавајќи дека е „благодарен за поканата“/Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Долгата војна во Иран ѝ штети на Украина

C +

Калас во Киев: Русија ќе биде повикана на одговорност

C +

Иран собори американски дрон вреден приближно 30 милиони долари

C +