Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Шукова во посета на „Гнездо“: Заедно ја создаваме програмата за ранливите групи, Скопје мора да биде град на солидарноста

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од Социјалдемократскиот сојуз, Каја Шукова, денеска го посети Дневниот центар за поддршка на деца и семејства во ризик „Гнездо“ во Скопје, каде што оствари средба со програмската директорка на невладината организација „Новинари за човекови права“, Наташа Доковска.

Со претставниците на „Новинари за човекови права“, кои го спроведуваат проектот „Гнездо“, Шукова разговараше за потребите на најранливите категории и за можностите преку програмите за социјална заштита да се зголеми грижата на градот за нив.

„Како иден градоначалник, ќе се борам и ќе застанам зад секое дете, зад секоја мајка, зад секој човек кој се чувствува заборавен. Тие ќе бидат мој приоритет. Скопје мора да биде град што се грижи – град на еднакви можности, град на достоинство, град на солидарност. Затоа што тоа е Скопје што го заслужуваме сите ние. И заедно, ќе го изградиме“, рече Шукова.

Таа најави дека во својата програма за заштита на ранливите категории ќе предвиди зголемување на капацитетите за социјална заштита, како и повеќе финансиски средства за покривање на трошоците што социјално ранливите категории ги имаат за струја, вода, ѓубретарина и слично.

„На Скопје му се потребни повеќе сензорни простории во јавните установи. Мора да изградиме повеќе групни домови за возрасни лица со попреченост, како и да обезбедиме безбеден дом и сигурност за жртвите на семејно и родово насилство“, додаде Шукова.

Во програмата, таа предвидува и поддршка за младите и семејствата со ниски примања, со цел грижата да биде реалност, а не привилегија.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +