Centar.mk
фото Screenshot/МВР
-МАКЕДОНИЈА

Каква е состојбата на патиштата? – Затворени се неколку патни правци за секаков вид на сообраќај

ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ ПОРАДИ ПОЖАР:

На 15.08.2025 г. од 22:00 часот рег. пат Тетово-Јажинце поточо од с.Старо Село кон Јажинце сообраќајот ќе биде во прекин во двата правца поради настанатиот пожар каде со работни машини багери ќе се работи на ископ за тампон зона со цел да биде онеспособен пожарот.

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила.
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за влез во државата е околу 30 минути, на ГП Богородица времето на чекање за излез е околу 40 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можеби ќе ве интересира

Истрага за убиство на свиреп начин во кумановско, се испитува поврзаност и со други случаи

C +

Кузеска: Парите што ги планираа за нов авион Владата да ги пренамени за минимална плата од 600 евра

C +

Тошковски за „Клик Плус“ на ТВ 21: Докажавме дека со системот Безбеден град можеме европска вредноста да реализираме во Македонија, во фаза на имплементација е паметен зелен бран на скопските булевари

C +