Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Денеска средба Трамп-Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин се среќаваат во Алјаска денес во 21:30 часот.

Трамп рече дека верува оти неговиот руски колега Владимир Путин ќе се согласи на договор и дека заканата од санкции против Русија веројатно ја натерала Москва да побара состанок.

Американскиот претседател рече дека не е сигурен дека може веднаш да се постигне прекин на огнот, но изрази интерес за посредување во мировен договор.

Путин претходно рече дека САД вложуваат „искрени напори“ за прекин на војната во Украина и сугерираше дека Москва и Вашингтон би можеле да постигнат договор за нуклеарно оружје како дел од пошироките напори за зајакнување на мирот.

„Во зависност од тоа што ќе се случи со состанокот, ќе го повикам Зеленски или едноставно ќе си одам дома“, рече Трамп./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ТРИ ДРЖАВИ ЈА ЗАСИЛУВААТ ТЕХНОЛОШКАТА СОРАБОТКА: Индија, Канада и Австралија разговараа за нови проекти

ДЕСК

ДИПЛОМАТСКИ СУДИР НА Г20: Откажана заедничката фотографија поради рускиот министер

ДЕСК

АМЕРИКАНСКА ВОЕНА ЗДЕЛКА ОД 2,1 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ: Украина ќе добие можност за нови ракети „Патриот“

ДЕСК