Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Шефот на НАТО: Топката сега е во дворот на Путин

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека „топката сега е во дворот на Путин“ по учеството во видеоповик со американскиот претседател Доналд Трамп, украинскиот претседател Володимир Зеленски и европските лидери.

„Ние сме обединети во нашите напори да ја завршиме оваа ужасна војна против Украина и да постигнеме праведен и траен мир“, објави Руте на социјалните мрежи.

„Го ценам лидерството на Трамп и тесната координација со сојузниците. Топката сега е во дворот на Путин“, додаде тој, осврнувајќи се на претстојната средба меѓу Трамп и Путин во Алјаска./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Санчез: Трамп игра „руски рулет“ со животите на милиони луѓе

C +

Советник на иранскиот лидер: Нема преговори со САД, ќе војуваме колку што сакаме

C +

Европски стравувања: Фокусот на САД кон Иран може да ја намали помошта за Украина, објави „Политико“

C +