Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

СДСМ со нови најави: Денеска ќе објавиме нови детали за скандалот: Кој стои зад вмровските шеми во Еразмус+?

– Владата молчи и никако не одговара на прашањата поврзани со скандалот со назначувањето на в.д. директорка на Националната агенција за европски образовни програми, институција која располага со милионски фондови од Европската унија преку Еразмус+.

Зошто Ана Михајлов, која е под истрага на ОЛАФ – Европската канцеларија за борба против измами, е назначена за в.д. директорка на Агенцијата?, се вели во соопштението на СДСМ.

– Дали ова назначување има за цел да ја блокира истрагата на ОЈО и ОЛАФ?

Молкот на власта е силна потврда дека немаат аргументи и дека се обидуваат да ја прикријат вистината од јавноста.

СДСМ денеска ќе објави нови детали за скандалот:

Кој сè е вмешан во овој скандал?

Дали и актуелна пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ е поврзана на некаков начин?

Кој е дел од вмровските шеми во Еразмус+?

Проследете ја прес-конференцијата на СДСМ денеска, во 12.00 часот, во седиштето на партијата, велат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Лажни дојави за бомби во училишта во Скопје и Тетово

C +

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

C +

Речиси 5.000 прекршоци регистрирани со „Безбеден град“ за една недела, најмногу за брзо возење

C +