Centar.mk
фото Министерство за здравство
МАКЕДОНИЈА

Извршена уште една трансплантација на органи од починат донор

По повод Светски ден на органодонорство – 13 август, Министерството за здравство информира дека на 9. август беше извршена уште една трансплантација на органи од починат донор, информира Министерството за здравство.

– Голема благодарност кон семејството кое во најтешките моменти одлучи да ги донира органите. Во процесот на трансплантација беа вклучени повеќе екипи од хируршки и интерни клиники од клинички блок „Мајка Тереза“. Им благодариме за посветеноста.

Трансплантираните пациенти се во добра општа состојба и под постојан медицински надзор и нега.

На пациентите им посакуваме долг живот и добро здравје, соопшти МЗ.

фото Министерство за здравство

Можеби ќе ве интересира

ОПШТИНИТЕ ПОТРОШИЛЕ 356 МИЛИОНИ ЕВРА НА ТЕНДЕРИ – Рекордни јавни набавки

ДЕСК

ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: Дождови во сабота и недела, пообилни врнежи во понеделник – детална прогноза за следните денови

ДЕСК

ХАЏИ ВАСИЛЕВА ОСТАНУВА НА ПРЕДМЕТОТ ПРОТИВ СУДИЈАТА ЃОКО РИСТОВ – Нови детали по изборот

ДЕСК