Centar.mk
Screenshot
МАКЕДОНИЈА

Пијан возач удрил малолетничка и го напуштил местото – Ужас во Македонија

Денеска (13.08.2025) во 02.10 часот на ул.„Каменичка“ во Македонска Каменица, полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица лишиле од слобода лице (51) од Македонска Каменица. Тој се сомничи дека околу 23.00 часот на 12.08.2025 со патничко возило „мерцедес“ со италијански национални ознаки, кое го управувал, удрил во 13-годишна малолетничка од Македонска Каменица и го напуштил местото. Малолетничката се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Клиничка болница Штип за укажување помош.

По преземени мерки лицеето бил пронајдено, при што било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,99 промили алкохол во крвта и бил лишен од слобода.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Можеби ќе ве интересира

ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: Дождови во сабота и недела, пообилни врнежи во понеделник – детална прогноза за следните денови

ДЕСК

ХАЏИ ВАСИЛЕВА ОСТАНУВА НА ПРЕДМЕТОТ ПРОТИВ СУДИЈАТА ЃОКО РИСТОВ – Нови детали по изборот

ДЕСК

НОВ ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА НА ВОЗДУХОТ – Ќе биде ли построга контролата на загадувачите?

ДЕСК