Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ЗНМ и ССНМ изразуваат загриженост за постапувањето на полициските службеници кон новинарите во Демир Хисар

Соопштение на ЗНМ:

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изразуваат сериозна загриженост поради начинoт на постапување на полициски службеници кон новинари од пелагонискиот регион.

Случајот за кој веќе испративме официјален допис до Министерството за внатрешни работи, се однесува на известување за разрешувањето на директорка на училиште во Демир Хисар, кога полициски службеници им пристапиле на новинарите додека тие известувале од настан од висок јавен интерес, барајќи нивно легитимирање, иако било очигледно дека се работи за медиумски работници со професионална опрема. Настанот се случил на јавна површина – двор на училиште. Сметаме дека вакви ситуации може да се протолкуваат како обид за вршење притисок врз новинарите, што е недозволиво мешање во нивната работа и нарушување на медиумските слободи.

Во дописот до МВР бараме итна и сеопфатна проверка на околностите, утврдување на законската основа за ваквиот вид постапување и одговорност доколку се потврди дека полициските службеници ги пречекориле своите овластувања. Очекуваме МВР и Секторот за внатрешна контрола во најкус можен рок да информира за утврдените околности и доколку се потврди прекршување на овластувањата, да преземе соодветни мерки против одговорните службеници.

Можеби ќе ве интересира

Истрага за убиство на свиреп начин во кумановско, се испитува поврзаност и со други случаи

C +

Кузеска: Парите што ги планираа за нов авион Владата да ги пренамени за минимална плата од 600 евра

C +

Тошковски за „Клик Плус“ на ТВ 21: Докажавме дека со системот Безбеден град можеме европска вредноста да реализираме во Македонија, во фаза на имплементација е паметен зелен бран на скопските булевари

C +