Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Трамп вели дека го прашал Орбан дали Украина може да ја победи Русија

Претседателот на САД, Доналд Трамп, на вчерашната прес-конференција одржана во Вашингтон изјави дека разговарал со унгарскиот премиер Виктор Орбан, кого го опишал како многу, многу паметен човек кој на некои луѓе им се допаѓа, а на некои не.

Тој вели дека го прашал Орбан, за кого рекол дека е добро запознаен со ситуацијата во Украина и Русија, дали Украина може да ја победи Русија во војна.

„Ме погледна во стилот: „какво глупаво прашање“, рече Трамп, а потоа додаде дека унгарскиот лидер му рекол: „Русија е огромна земја и тие ја освоија својата земја преку војни. Тие водат војна, тоа е она што го прават“.

„Кина победува преку трговија, Русија победува преку војни“, рече Трамп./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Човекот кој пукаше на вечерата на Трамп изведен на суд

C +

Рубио ја отфрли понудата на Иран за Ормускиот теснец, Русија нуди посредување во конфликтот

C +

Американски функционер: На Трамп не му се допаѓа предлогот на Иран за завршување на војната

C +